Еурофарм Пелистер – Охрид 25:22 (14:9)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер на свој терен во Битола без проблеми и убедливо забележаа нова победа во низа во домашниот шампионат во дербито против екипата на Охрид со резултат 25:22 (14:9). Еурофарм Пелистер во својот најдобар натпревар повторно го имаше одличниот капитен, Филип Кузмановски, кој постигна 10 гола.
Натпреварот започна рамноправно, а Охрид беше рамноправен противник само во шрвите минути кога имаше 4:4. Потоа битолскиот тим за десет минути од 13 до 23 минута направи серија од 5.0 со која поведе 9:4. Но, Охрид за неколку минути намали на 10:8. До крајот на првото полувреме шампионот го сочува сигурното водство од пет гола разлика (14:9).
На стартот од второто Еурофарм Пелистер со нова серија се одлепи на највисоки +8. Во замата завршница малку драма, откако Охрид ја стопи негативата и дојде до 24:22 во последната минута.
Но, немаше време за пресврт, и бодовите останаа во Битола и згаснаа сите надежи на противникот за изненадување во Битола.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше капитенот Кузмановски со 10 голови, а Павле Атанасијевиќ погоди четири пати во второто полувреме.










