Press "Enter" to skip to content

Бранко Агеловски: не радува тоа што има напредок во екипата, а за вчера морам да ја издвојам одбраната посебно во првото полувреме

Формата на Еурофарм Пелистер оди во нагорна линија, и за неколку дена тимот во Битола освои важни бодови на два натпревари, од Лигата на Шампиони и од домашниот шампионат. По ремито против Спортинг, вчера на дербито, повторно во Битола против Охрид победија убедливо со 25:22.

По натпреварот своите впечатоци ги кажа тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранко Ангеловски кој рече:

-Има огромен напредок во екиипа и тоа ме радува и мене и цел стручен штаб и цел клуб. Се гледа напредок, а тоа го даваат момците кои условно кажано се млади и се иднина за овој клуб. Драго ми е што голем дел од натпреварот против Охрид го изнесоа тие и се надевам дека со такви игри ќе продолжат и во иднина и дека ќе бидеме уште посериозен противник за било која екипа во Европа. Морам да ја издвојам одбраната која беше фантастична во првите двесет минути, примивме само четири гола и имавме малку технички грешки. Во првото полувреме дозволивме Охрид да ни направи три контри и да се врати разликата, но брзо се рахабилитиравме и голот во последните секунди во прво полувреме само ни даде ветар во грб да продолжиме така и во второто полуврме. Мислам дека 45 минути покажавме надмоќ и доминација и со еден ваков пристап кон еден ваков протовник како Охрид да водиш 9 разлика во 45. минута е огромен резултат. На крајот сепак треба да кажен дека и нашите поискусни играчи треба да добијат одмор, бидејќи не чекаат натпревари во нашето првенество и Европа. Во секој случај сум задоволен од прикажаното на сите ракометари во тимот и, ќе повторам радува тоа.

Еурофарм Пелистер со новите бодови е на делба на 2. место на табелата, со Вардар и Охрид со 12 бода, а лидер е Алкалоид со 14 бода.