Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападнат малолетник на фудбалски натпревар, нарушување на јавен ред и мир, каснување од куче скитник

На 14.10.2024 во 02.15 часот во СВР Битола, П.Т. (49) од село Новаци пријавил дека во село Новаци, за време на фудбалски натпревар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соиграч. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.  

На 13.10.2024 во 16.10 часот на ул. „Пеце Матичевски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода  36 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава

На 13.10.2024 во 23.20 часот во СВР Битола, Е.К. (37) од Битола пријавила дека на ул.„Карпош” била касната од куче скитник .