Денес, среда, 16 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност поголема кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 24 степени.
Утре, четврток, 17 октомври, во Битола времето ќе биде наутро по одделни котлини со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 20 степени.






