Press "Enter" to skip to content

Тренерот Ангеловски и капитенот Кузмановски го најавија денешното дерби, Алкалоид – Еурофарм Пелистер

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер од Битола денес во Автокоманда во Скопје  против екипата на Алкалоид се надева на победа и нови бодови, со кои ќе се израмни на табелата со тимот на Кире Лазаров. Тренерот на Еурофарм Пелистер и капитенот Филип Кузмановски го најавија дербито во Скопје.

Бранислав Ангеловски тренер- Еурофарм Пелистер за вечерашниот натпевар рече:

-Натпреварот со Алкалоид го очекуваме како секој натпревар од лигата на шампиони. Пристапот кон натпреварот и играта ќе биде на високо ниво. Тие се тие натпревари во македонското првенство, тоа се натпреварите со Вардар, Алкалоид и Охрид. Кои треба да се сфатат многу сериозно. Мислам дека само со таков пристап имаме шанса за поголем резултат.

Во однос на натпреварот од супер купот Ангеловски додава:

-Неможевме многу да се подготвуваме за супер купот тогаш имавме само еден слободен ден. Сега имаме два дена. Генерално се знаеме и нема тајни меѓу нас како од наша страна така и од нивна страна. Се надевам на одлична игра и добар резултат.

Капитенот Филип Кузмановски покрај тоа што се осврна на дебрито во првенството зборуваше и за Супер купот.

-На почеток на сезоната како што знаеме стартувавме лошо во супер купот против екипата на Алкалоид со која што играме во рамките на домашниот шампионат. Нормално дека сме должни на самите себе, на градот и на нашите навивачи. Ваквите натпревари треба да ги добиваме затоа што се работи за трофеј, но се случи тоа што се случи. Сега сме многу подобри во однос на тој период кога игравме во Гевгелија во супер купот. Според мене сега сме 30% подобри, имаме план и стратегија како треба да напаѓаме и како треба да се браниме. Ние сме мотивирани и здрави, а тоа е најважно. Одиме чекор по чекор и направивме добра анализа, фокусирани сме. И сакаме, нормално, да покажеме како треба да изгледа Еурофарм Пелистер до крајот на сезоната, каков што сите го очекуваме и сите го очекуваат, рече Кузмановски.

Кузмановски поради црвен картон не го доигра натпреварот во Гевгелија и затоа вели:

-Такви потези како во Гевгелија не сум имал и секако дека се каам поради тоа. Сепак тој ми е колега од репрезентација и тоа се случи во секунди, во нервоза и тоа беше не сакан удар. Секогаш посакувам да биде коректно и подобриот да победи и во овај натпревар влегувам мотивиран, да победам и се надевам ќе успеам во тоа заедно со мојот тим.