На Опен Балкан купот 2.коло во Лозница, Србија, Меморијал „Великаните на боксот“ учествуваа тројца боксери од Битола како дел македонските репрезентативци, како претставници на Боксерската федерација на Македонија.
Од Пелистерски јунак учествуваа Арабел Рустемоски, Синиша Талевски и Јоаким Јовановски. Рустемовски и Јовцановски забележаа победи со прекин, а Талевски беше поразен на поени.
Резултати – Опен Балкан куп, Кадети
48 кг Петар Трајчевски (А. Огненовски) – Арабел Рустемоски (Пелистески јунак) 0-5 ТКО Р3
Јуниори
63 кг Синиша Талевски (Пелистерски јунак) – Даниел Петровиќ (Славија) 1-4
Младинци
67 кг Јоаким Јовановски (Пелистерски јунак) – Срѓан Грујиќ (Кум) 5-0 Р2 ТКО
Адријан Рустемовски Боксер од Пелистерски јунак денес го започнува својот настап на Светското првенство во бокс за младинци кое се одржува во Будва, Црна Гора, од 23.10.2024 до 04.11.2024година. Во категоријата на Адријан до 57 кг. учество заземаат 40 боксери од целиот свет. За негов противник во елиминациите го доби Боксерот од Демократската Република Конго.











