Еурофарм Пелистер – Веспрен 23:30 (12:17)
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва во Битола го пречека Веспрем и загубија со резултат 23:30, полувреме 12:17.
Натпреварот започна со водство за Веспрем од 1:3 против “пелистерци“. Потоа унгарскиот шампион константно беше во предност, а по осум минути игра имаше плус четири, 4:8. Во средината на првото полувреме, Веспрем имаше позитива од 7:11, а на Еурофарм Пелистер не му помогна ниту расположениот Митревски кој имаше пет интервенции.
Својот деби гол во елитното натпреварување го имаше младиот член на Еурофарм Пелистер, Алем Хаџиќ. Веспрем до крајот на првиот дел не дозволи Еурофарм Пелистер резултатски да се доближи и на пауза заминаа со предност од 12:17.
Продолжението од натпреварот за екипата на Веспрем беше рутинска одработка на веќе солидата разлика. “Пелистерци“ не успеаја да ја намалат разликата за да има возбудлива завршница, а Веспрем имаше разлика од +5 до +7 гола.
Кај Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски беше најефикасен со седум постигнати гола, а Борзаш постигна 4 гола. Никола Митревски запиша 14 одбрани.










