Press "Enter" to skip to content

Прва домашна победа на Пелистер Волеј, убедливо против Фламинго во Битола, без неколку првотимки кои ги заменија младинки (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Фламинго Волеј 3:0

(25:05; 25:12; 25:09)

Женската одбојкарска екипа на Пелистер Волеј во рамките на Втората лига, во второто коло, во Битола убедливо ја победи екипата на Фламинго со максимални 3:0 по сетови, во натпревар во кој доминираа во сите фази на играта.

-Иако екипата на Пелистер Волеј Денес денес играше без неколку стандардни првотимки кои се повредени, со неколку пионерки кои беа дополнително повикани од младинската школа, остварија убедлива победа од 3:0 над екипата на Фламинго Волеј од Скопје. Тоа е за нас одлична работа, со што се потврдува тоа дека добро работиме со сите категории, ни рече по завршувањето на натреварот тренерот Роберт Митковски, кој додаде:

-Иако со потешкотии, засега сигурно чекориме по зацртаниот пат, а сите играчи предводени од капитенот Најдановска и највозрасната Белокозовска, го даваат својот максимум недозволувајќи никакви изненадувања.

More from ВестиMore posts in Вести »