Гостивар – Пелистер 77:66
Кошаркарите на Пелистер од Битола го доживеја првиот пораз во оваа сезоно во Првата лига на Македонија, на гостувањето во Гостивар, во спортската сала “Младост“, од истоимената екипа, со резултат 77:66.
Првата четвртина заврши со мало водство на домаќините од три поени, 23:20. Втората четвртна повторно резултатски во знак на гостите 19:13, а на одмор се отиде со резултат 42:33 или предност на домаќините од 9 поени.
И по одморот од 20 минути екипата на Пелистер не најде начин како да ја анулира предноста, а и третата четвртина им припадна на гостиварчани со резултат 19:15 или со уште четири поени зголемено водство, иако “пелистерци“ со серија од 3:9 намалија на 48:61.
Последната, четврта четвртина, започна со резултат 61:48, а на почетокот на Пелистер намали на едноцифрена разлика 52:61. Гостивар се одбрани од Пелистер и стигна до победа од 77:66.
Кај Пелистер најефикасен Едвардс со 26.поени и 13. скока, Мишковиќ, постигна 16 поени и 11. скока.










