Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдена дрога, лишени од слобода две лица, пријави за физички напад

На 25.10.2024 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 31 годишник од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.  Истиот ден, при лишувањето од слобода  тој бил заедно со 28 годишно лице од Битола и при претрес на патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, сопственост на второ приведениот биле пронајдени прашкаста и растителна материја, по што и тој е лишен од слобода. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 25.10.2024 во 15.20 часот, во СВР Битола Д.Б. (51) од Битола пријавил дека неговиот малолетен син во училишен двор  бил физички нападнат од двајца други малолетници.
Истиот ден во СВР Битола Т.Н. (43) од Битола пријавил дека  Б.Б. физички го нападнал неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.