Press "Enter" to skip to content

Вечерва Народниот театар Битола ќе настапи на фестивал во Врање со “Брод за кукли“

Народниот театар Битола на вечерва во рамките на фестивалот “Борини позоришни дани“ кој се одржува во Врање, Србија, ќе се претстави со претставата “Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. 

“Брод за кукли“ е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки. Претставата во седум заплети и седум различни амбиенти се однесува на седумте инкарнации на хероината и седумте метаморфози на нејзиниот пасивен женски принцип. 

Во битолската претстава играат: Сандра Грибовска – Илиевска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

More from ВестиMore posts in Вести »