Press "Enter" to skip to content

Во продажба се билетите за дуелот од АБА2 лигата во Битола, Пелистер – Џокер, среда, 18 часот

Кошаркарскиот клуб Пелистер ги пушти во продажба билетите за вториот натпревар на домашен терен од АБА2 лигата, каде “пелистерци“ ќе играат против екипата на Џокер од Сомбор, Србија,  натпревар од регионалното натпреварување што нашиот тим ќе го игра во Битола

Билетите ќе се продаваат во Тобако Зикс (кај “Гроздот“) во Битола, а ќе можат да се купат и на билетарницата во салата „Боро Чурлевски“.

Верните навивачи ќе имаат можност и да купат сезонски билет за 2024/25, по цена од 2.000 денари.

Натпреварот меѓу Пелистер и Џокер се игра во среда (30 октомври) во салата “Боро Чурлевски“ со почеток во 18 часот.