Press "Enter" to skip to content

Концертот на Битолскиот дувачки оркестар насловен “Евергрин” Big Band Edition ги воодушеви присутните (фотогалерија+видео)

-Битолскиот дувачки оркестар има своја долга традиција, а на иницијатива на професот Марјан Бакревски, во Битола оркестарот е возобновен во 2015 година под негова диригентската палка.Вечерва во Големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа концертот на Битолскиот дувачки оркестар: „Евергрин” Big Band Edition, кој работи под раководство на професорот по кларинет Марјан Бакревски.Битолчани кои присуствуваа во салата на Центар за култура имаа,  уникатна можност да присуствуваат на концертот,кој траеше скоро два часа. На програмата беа  светски познати инструментални евергрини, како и македонски класици, во изведба на фантастичниот Битолски дувачки оркестар.Специјален гостин на вечерта беше харизматичната пејачка Ана Петановска, која со својот глас ќе внесе дополнителна магија на сцената, а неа битолската публика ја знае како девојката која маѓепсува со својот глас.

На битолската публика и е позната по своите настапи на концерти, истото се случи и вечерва. Таа со своите изведби ги воодушеви присутните, а битолската публика ја награди со силен аплауз.„Се надевам дека убаво си врвите, исто како и ние што си врвиме, вечерва“ се обрати по битолски кон публиката, која го поздрави со аплауз.  Помеѓу изведбите  професорот Марјан Бакревски низ сите години на концерти стана миленик на битолската публика, бидејќи со своите интересни обраќања помеѓу изведбите стана препознатлив по својот специфичен хумор, кој и вечерва не недостигаше, а публиката освен што уживаше во музиката, и се насмеа.

Битолчани имаа прилика да уживаат и во соло изведбите на музичарите, а како што кажа професорот Стефан Тасевски, дел од соло настапите вечерва без изведени без миту една проба.

Ж.Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »