“ЕСМ Молика“ Битола информираме дека подготвителните активности во ски-центарот Копанки во пресрет на зимската сезона, се во завршна фаза. Тимот на “ЕСМ Молика“ Битола кој е задолжен за одржување на овој капацитет, целосно ги реализира плановите за чистење и адаптација на патеките, со што се создадени предуслови за безбедно скијање и успешна ски сезона.
-Покрај косењето на тревата на ски-патеката “Копанки“, превземаме и низа други активности за подобрување на условите за почеток на зимската сезона. Најпрво започнавме со чистење на камењата од стазата, потоа проверка на ски-лифтот и промена на гуми и лежишта од страна на екипата задолжена за одржување на ски-центарот Копанки поддржана од страна на стручниот тим на АД ЕСМ – РЕК Битола и ФОД ДООЕЛ Битола, за извршување на електро – машински ремонти, информираат од “ЕСМ Молика“.
Во претстојниот период ќе се извршат и други зафати, следно е бојадисување и средување на корпите од жичарницата на ски-патеката “Копанки“.

“ЕСМ Молика“ ја подготвува ски-патеката “Копанки“ за оваа скијачка сезона
More from ВестиMore posts in Вести »
- Над 1.400 гранати и бомби од Првата светска војна пронајдени кај поранешната касарна во Битола
- ФИКТ Битола потпиша меморандум со Министерството за енергетика, рударство…
- Асфалтирање на три краци од улицата „Даме Груев“ во „Мал Париз“
- СВР Битола: вевчанец возел со 1.71 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе на „Илинденска“
- Во Битола сончево, температурата до 30 степени





