-Овој тип на осигурување се склучува на барање на работодавачот и има за цел да обезбеди целосна финансиска заштита на неговите вработени од евентуален несреќен случај кој може да има последици по нивното здравје и живот.
Колективното осигурување од незгода е наменето за осигурување на работниците во компании, како и членови на одредена група или друштво. Со осигурувањето од незгода можат да се осигураат работни колективи, односно да се заштитат вработените во текот на целото деноноќие, без разлика дали се наоѓаат на работното место или надвор од него, појаснуваат од најголемиот осигурителен брокер во државата, СН Осигурителен брокер АД Битола препорачувајќи го овој финансиски инструмент за сите компании без оглед на нивната големина.
Ваквиот тип на осигурување е особено важен во услови на настанување на несреќен случај. „Овој тип на осигурување се склучува на барање на работодавачот и има за цел да обезбеди целосна финансиска заштита на неговите вработени од евентуален несреќен случај кој може да има последици по нивното здравје и живот. Кон ова осигурување можат да се приклучат и лица вон работен однос, по барање и евиденција на работодавачот, односно да се осигураат и членовите на семејството на вработените.“-велат од СН Осигурителен брокер.
Додаваат дека најчесто покритие кое компаниите го користат се: покритие од смрт од незгода како и покритието од смрт од болест. Во дополнително покритие спаѓаат трошоци за лекување, покритие од тешки болести итн. Но, за која професија се работи игра улога за тоа колкав би бил степенот на ризик за осигурителната компанија да ја одреди осигурената сума за вработените од таа компанија. Важно е осигурениот да знае дека колку повеќе ризици се покриваат толку е пониска осигурената сума, но и колку поголема премија се плаќа се зголемува и осигурената сума.
Од компанијата посочуваат дека и за овој тип осигурување свеста на населението расте, бидејќи се работи за ефикасен инструмент преку кој со мал финансиски влог се покриваат финансиски издатоци во услови на несреќен случај. Додаваат дека подетални информации можат да се добијат на веб страната www.snbroker.mk или на телефонскиот број 15 770.






