Press "Enter" to skip to content

Ненад Костески по пауза од осум месеци се врати во тимот на Еурофарм Пелистер

Десното крило на Еурофарм Пелистер од Битола се приклучи на тимот и започна со лесни тренинзи, по повредата која ја доби на почетокот на месец март на гостувањето, на  натпреварот од Лигата на Шампиони, против екипата на Колштад во Норвешка.

-Се вратив, започнав да тренирам и сега почнувам полека, но за брзо ќе се вратам, ни рече Ненад Костески, на синоќешниот тренинг заедно со тимот, а на неговото лице се врати неговата препознатлива насмевка.

Костески беше успешно опериран на 4 април 2024 година градската болница “8-ми Септември“ во Скопје, откако по  повредата кога медицински е утврдено дека има скинат преден вкрстен лигамент на десното колено и фрактура.

Членот на шампионот Еурофарм Пелистер имаше долги процес на рехабилитација и се очекува да се врати на терените за најмалку шест месеци. Минатата сезона за Костевски беше завршена предвреме, не беше тимот на Еурофарм Пелистер во битката за одбрана на титулата, и не беше дел ниту од македонската репрезентација во бараж двомечот против Фарски Острови.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »