Кошаркарите на Пелистер и вечерва во Битола ја имаа големата поддршка од битолчани кои дојдоа во спортската сала “Боро Чурлевски“ се обидоа да им помогнат на дојдат до втората, за која тие самите рекоа дека е значајна во однос на поминување на групната фаза од АБА2 лигата и продолжување кон нокаут фазата.
Трибините започна да се полнат многу порано од очекуваното, кога е во прашање кошарката, а најпрво во салата дојдоа родителите со малите дечиња, кои облечени во зелено-бели маички, и најповеќе се радуваа.
Се радуваа и возрасните, посебно на почетокот на натпреварот кога екипата на Пелистер имаше предност и сите со мислите беа светени кон победа и нови бодови.
Но како одминуваше натпреварот битолчани, ги бодреа кошаркарите да најдат сили и да го вратат натпреварот во нивна корист.
Но, за жал екипата на големиот НБА играч, Никола Јокиќ, од Сомбор, Србија, ја оджуваше предноста од неколку поени, а “пелистерци“ не најдоа начин како негативата да ја претворат во позитива.
На крај публиката им аплаудираше на двете екипи, а навивачката група на кошаркарите им порача дека сакаат титула во Битола.
А “пелистерци“ ја имаат приликата да се вратат на победите уште в сабота кога во Битола ја оречекуваат екипата на Кожув.
Фото: Дамијана Ристевска






