-Сликите избледеа, стари се некои 40 години, други се од првата организирана средба пред 25 години, некои и понови, и избледеа, а нашето пријателство кое трае 40 години не бледее, останува исто, рекоа педесетина инженери кои сесобраа во Битола да го прослават тоа.
Во ова брзо време, време-невреме, ретки се поединците кои одделуваат дел од своето време и им се посветуваат на пријателите, другарите од деството или школските клупи со кои ги поминале најубавите и најбезгрижни денови, на комшиите…
Секако дека овој заклучок не е генерален за сите, а има искучоци, а можеби најголем исклучок во Македонија се некогашните колеги, а сега големи другари, сегашни инжери, од Електро-техничкиот факултет од Скопје, меѓу кои има и инженери од Битола .
Тие веќе 25 години ја оджуваат нивната традија, да се собираа, да поминуваат по ден-два заедно, а секогаш на ист датум, на есен, последниот викенд во октомври, кога се менува времето, односно се часовникот да се враќа еден час наназад, а само заради тоа да добијат еден час дружење повеќе, на кое посебно се радуваат.
А, овој последен викенд нивниот јубилеј го одбележаа во Битола, поминаа прекрасни три дена, ја прошетаа Битола, уживаа во алтернативен туризам, се провеселија, запеаја… Спомени од нивното дружење има многу, приказни и анегдоти без крај, а за оваа несекојдневна средба, Тони Марковски од Струга, инженер во ХЕС “Црн Дрим“ електрани Глобочица и Шпиље, ни рече:
-Повод за оваа средба е 25 годишнината од дружењето и годишнината од апсолвирањето на електро техничкиот факултет во Скопје, а исто се поклопува со 40 години откако започнавме да студираме. Ние сме како фамилија, се имаме збижено повеќе од со некои членови на фамилијата. Така моите другари сите ги имам “унапредено“ во први брачеди. Така се што значи покана за домашни веселби, пријателите имаат статус на први брачеди. Секој пат бројката која се дружиме варира од 35 до 50 лица во зависност од тоа каде сме собрани, намногу се бериме во Скопје бидејќи има најголем број скопјани меѓу нас. Секаде има средби, а Битола се собираме на на секои пет години, а главните јубилеи се во Скопје. Ова за нас значи многу нова енергија, рехабилитација, како да сме биле на еден одмор годишно плус. Секоја година си резервираме да не сме никаде на овој ден, а секогаш е на ист ден, кога се менува саатот, за да добиеме еден час повеќе дружење. Не варувам дека има некој други во државата кои организираат вавкви средби и се дружат на овој начин. Оние кои не се организираат или едноставно речено не се дружат како нас би им порачал не знаат што пропуштаат. Пропуштаат едно големо задоволство кое не може вештачки да се измисли, туку мора да има предуслови, а тие се од време да се дружат и да живееле како студенти, да си помагале, да се солидарни, бидејќи спомените од таа возраст се неизбришливи.
–Испуштив ка кажам дека се ова што се случува е благодарение на вашиот сограѓанин, Сашко – Мацола Павловски, кој го имаме прогласено за доживотен претседател на ова дружење, одличен пријател и организатор и ако има во државата падови, кризи, ковид, војна… тој во сите години тој најде сила да не организира и собери и затоа има толку почитување кај нас што е главна причина за толкав број на луѓе на овие собирања, додава Тони Марковски.
Меѓу присутите беше и Ацо Ристов, актуелен градоначалник на општина Радовиш, кој не ги креиеше импресиите од средбата во Битола и воопшто дружењето во изминатите години.
-Ова е повече од дружба, да опстане дружба 25 години, која е неформална на генерација на електро факултет не може да ја организира нити здружение на граѓани, ниту политичка патрија. Ова максимумот што може да го диживеат луѓе од проминенција на инженерството. Идејата беше многу интересна затоа што во таа година, 1983-84 година, кога ние се запишавме на електро беше генерацијата која последна заврши во Југославија, и ја почнавме промената на системот во Македонија и ние практично ги доживеавме сите промени и на системот, и на функциите и на државата. Така до денес 50 инженери секоја година да се дружат, а да немаат никаков интерес е успех сам по себе. На овие средби, секоја година, разменуваме искуства, идеи, спомени пред се, меѓутоа основата е како да се опстане, да се задржи оваарадозналост, инженерството. Секога кога се среќаваме, бидејќи сме луѓе кои што веќе постигнале нешто во животот, секогаш се раѓаат нови идеи, мисли и реализација на нови проекти. Ова секогаш има и работен дел, а тоа треба да се почитува. Кога некои ќе слушната дека се дружиме заедно 25 години им звучи неверојатно бидејќи оние кои учеа право или економија не беа во самото студирање не беа многу заедно, немаа толку многу вежби, појагања, помош меѓу себе, и мислат дека ова е изнудено или вештачко направено, бидејќи луѓето се научени да живеат само од и заради интерес. Морам и јас да потенцирам дека главен виновник е Павловки.
Сашко Павловки како и секогаш беше растрчан и сакаше на сите да им излези во престер, и да биде одличен домаќин на инженерите од цела Македонија.
-Не знам што да додадам, малку слушнав што кажаа моите колеги, и да се повторувам. Ние сме единствеми во ова дружење кое го одржуваме многу љубоморно и секоја година без исклучок, без разлика во кое време живее, добро или лошо, стресно или лабаво… Сме имале секокви ситуации на секој поединечно, но другарството од факултет на држи сите зедно овие години, 40 години откако се запишавме на факултет, па се до денес. Сме се дружеле во Скопје, Охрид, Куманово, Струга…, а од секаде носиме преубави спомени. Продолжуваме понатаму… вели Сашко Павловски и додава:
-Потврда на се она што сите го рековме е што в сабота сме на свадба во Скопје, еден наш колега и член на нашето друштво го жени синот, и нормално, ние, сите, како први брачеди сме поканети и ќе бидеме на свадбата, на неговата фамилијарна веселба.
Текст и фото: Сашо Ристевски






