Вечерва во Битола во фоајето на Центарот за култура свечено бече отворена изложбата на уметнички фотографии на познатиот битолски фото мајстор Атанас Нашоку – Саку со наслов “Контрас“, пред голем број битолчани, љубители на фотографијата, негови пријатели, почитувачи…
На почетокот, на отворањето на изложбата, Валентин Соклевски при најавата на невообичаената изложба рече:
-Вечерва сме сведоци на божествена убавина, на река од бои кои што ни истури Саку, имам многу тешка задача да кажам работи кои што не се кажуваат, работи кои што се перцепираат, се гледаат. Прав кога се сретнавме со Саку, кога ја подготвувавме изложбата на фотографии, ме праша: што мислиш, што е ова? Започнав да кажувам нешто, меѓутоа не ми одеше. Ова е ми вели, кромид, а другото е загорено тавче со камче внатре. Саку го знам од кога бев дете, кога ги фотографираше Илинденски денови, се воодушевував на неговите фотографии. Меѓутоа кога ја видов ова изложба се воодушевив уште повеќе. Треда да се има некој божествен талент, да можи со фотографски апарат да “насликаш“ вакви дела, а тоа го има Саку. Нам само ни останува да се воодушевуваме на овие контрасти кои што ни ги приреди.
Маја Илиевска – Илиевски, дитектор на Центарот за култура Битола, на отворањето рече дека по многу години Саку се врати дома, во Центарот за култура.
-Се радувам на тоа што има толку многу публика вечерва, но и не сум многу изненадена, бидејќи кога се подготвува изложба на еден голем човек, како што е Саку, не ни очекував дека ќе биде поинаку. Да не знаев дека Саку е фотограф, да не знам што е ова за кое што сме собрани вечерва ќе помислев дека Саку е актер, кој вечерва се подготвува да ја има својата премиера, бидејќи одамна не сум видела некој со толку голема трема од него. Кога се подготвуваме за тоа како ќе биде отворањето на оваа изложба, за која патем ќе кажам дека е од национален интерес, тој ми рече дека нема да зборувам, а вие што сакате кажете. А, многу е тешко да се зборува гласно за нешто што само за себе зборува. Творештвото од 55 години, од легендатните приказни кои сум ги слушала од моите колеги за фотографиите на Атанас кои ги правел на моите колеги во театарот, фотографиите од Илинденски денови и многу други е едно, а она што го работи во последните години го поминува нештото што се вика фотографија. И за крај само ќе кажам, ако вечерва изложбата не се викаше Контрасти, јас ќе ја наречев соништата на Саку.
Рецензијата за изложбата ја напиша Лилјана Христова која вечерва само ги повтори напишаните зборови и рече:
-Атанас Нашоку Саку ги проширува границите на фотографскиот медиум и преку реалноста и апстракцијата, ни го открива сводот истражувачкиот и експериментален дух. Она што го носи во себе, доста вешто, умешно, маісторски и уметнички успеал да го визуелизира и да го презентира само со дигитален фотоапарат, без дополнителни компјутерски или други, било какви дообработки. Главна инспирациіа за композициите наоґа во духовната енергица и зачината на визуелни предизвици од неговата фантазиіа. Авторот го интересираат промените кои ги добива при соединуване на колоритната светлина со замислената форма. Со поклопуване на разни помошни предмети, то создава свет на волшебни креации кои овозможуваат патуванье во нова димензиза полна со силна хармониа на енергии, со возбуда и спокоі, немир и смиреност.
-На новите фотографии би можеле да се класифицираат во две ликовни целини: момантична нота, додека во фотографиите во кои доминира мртва природа имаат одредена реалистично-романтична нота, додека во останатите, основа е концептот и истражувачкиот приод кон мотивот. Во обликуване на мртвите природи примарно значење има светлото и сенката. Реалните обректи (избрани во фаза на дотраеност), ги сместува во имагинарен простор, а внимателно избраното осветлуванье а нагласува текстурата и предизвикува неочекувана возбуда и занес. Со своите експерименти авторот создава нова генеричка реалност, нова апстрактно – асоциативна органска фотографиа, многу блиска до сликарските платна со енформелна реализациіа. Во креативниот момент инспириран од микроелементи на конкретни предмети ( тиква, костен, аболко, цвет… ) истите добиваат нов облик следеки слободни асоциации во чисти сликарски и фотографски форми кои не воведуваат во кругови далеку од реалноста.
Атанас Нашоку – Саку и вечерва беше доследен на претходно кажанто дека нема да зборува за изложбата и за него, а само ги покани присутните да ја погледнат изложбата и убаво да си поминат и побрза прегрне со своите внуци кои му притрчаа во прегратки.
Сашо Ристевски
Фото: Дамијана Ристевска











