Press "Enter" to skip to content

Одржан вториот форум Пелагонија-Преспа во Битола (фотогалерија)

Во ресторан0т “Лозар“ на “Ангромаркетонг“ во Битола на иницијатива на Регионалните комори со седиште во Битола и во Прилеп на 30 октомври 2024 година во Битола се одржа 2. Форум Пелагонија-Преспа за воспоставување и одржлив развој на Алијанса за природна, вкусна и здрава храна од географскиот регион на Пелагонија и Преспа.Во рамка на отпочнатиот процес на Форумот Пелагонија-Преспа како прв генералниот настан од овој вид отпочнат минатат година и веќе изготвената прва регионална стратегија за транзиција на Пелагонискиот плански регон кон зелена економија.Намерата на оваа инцијатива е да се обединат и заеднички да дејствуваат клучните регионални и национални чинители во процесот на добивање, процесирање и испорака на брендирана храна со географско потекло од Пелагонија-Преспа регионот како носечки регион во државата во производството на храна.Во првата фаза од развојот на проектот целна група ќе бидат компаниите и индивидуалните проиводители кои веќе имаат определена практика во оваа област.Во втората фаза, непосредно по првата ќе бидат компаниите добавувачи на „пионерите“ идентифкувани со мапирање на мрежите на добавувачи (придружни компании).Со динамика утврдена од активностите ќе се определи третата група компании – следбеници, кои ќе покажат интерес за вклучување.Форумот го отвори и водеше претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски кој во своето обраќање и изјава за медиумите истакна дека моторот за развој на македонското стопанство е Пелагонискиот регион и е неопходно да се насочат сите расположливи капацитети во земјоделскиот и прехранбениот сектор за понатаможен развој во таа сфера како регионално така и  на национално ниво.На форумот присуствуваа и дадоа лична поддршка, Верче Мицевска, национален координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика и Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.Тие во своите воведни обраќања истакнаа дека Пелагонија и Преспа се брендови како географски поими во Македонија и пошироко, и затоа мислам дека врзувањето на производните продукти кои произлегуваат од овој регион со овие именки и географски поими како брендови ќе даде многу повеќе во промоција на самите производи на домашниот и надворешниот пазар.Претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Никола Мариноски исто така го истакна своето задоволство од тоа што оваа иницијатива за форумот продолжува и како заеднички чинители во пелагонискиот регион секогаш ќе ја дадат својата поддршка за активностите кои водат кон економски развој на истиот.На настанот беа присутни и градоначалниците на Општина Прилеп, Кривогаштани и Новаци, како и заменик градоначалникот на Општина Битола.Пред околу стотина присутни стопанственици, членови на академската заедница од ректоратот на УКЛО и неговите факултети од оваа сфера панелистите ги истакнаа основните принципи за понатамошните активности на оваа иницијатива. Пред присутните се обратија:-Проф. д-р Цветко Смилевски од БАС Битола говореше за организациското воспоставување на Алијанса која ќе ја сочинуваат клучните учесници во процесот на добивање, процесирање и испорака на брендирана храна со географско потекло од Пелагонија-Преспа регионот.-Проф. д-р Гордана Димитровска од УКЛО Биотехнички факултет Битола – зборуваше за заштита на традиционални земјоделски и прехранбени производи и моменталната позитивна национална легислатива за добивање на истите.-М-р Билјана Петровиќ од Современо Земјоделство се осврна кон здружување во земјоделскиот сектор и консолидација на земјоделското производство.-Проф. д-р Борче Ангелков од Македонско научно друштво Битола своето излагање го насочи кон безбедноста на храна и имплементација на стандардите за тоа и-Клаудија Лутовска, ИПАРД консултант расправаше за спремност на локалните компании за учество на програми за финансиска поддршка во прехранбен и земјоделски сектор.Како заклучок за понатамошни активности беа предложени членови на Управувачкиот совет и развојниот тим со претставници од сите присутни организации: регионалните комори од Битола и Прилеп, АПРЗ, МЗШВ, БАС, УКЛО и стопанстевници.На настанот со пригодна презентација се претставија и 10-тина локални компании со своите производи.

More from ВестиMore posts in Вести »