Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево, температурата до 22 степени, од утре заладување

Денес, сабота, 2 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта кон недела. Температурата во Битола до 22 степени.

Утре, недела, 3 ноември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени. Температурата во Битола до 17 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »