Пелистер и викендов во Битола продолжува со играње на два натпревари, еден домашен во викенд и еден од АБА2 во текот на неделата. Вечерва во рамките на 4.коло од домашното првенство “пелистерци“ ја пречекуваат екипата на Кожув од Гевгелија. Натпреварот кој започнува во 18,30 часот, во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, е идеална можност за „пелистерци“ да се вратат на победнички патеки по двата врзани порази од Гостивар и од Џокер.
Кошаркарите на Пелистер се свесни мораат да влезат во победничка серија почнувајќи од денешниот дуел со гостите од Гевгелија, а како “пелистерци“ го пречекуваат овој натпревар кошаркарот на Пелистер, Димитар Пандев, на последниот тренинг пред натпреварот рече:
-После поразот во АБА2 лигата од екипата на Џокер од Србија, дошолнително се мотовиравме и се подготвивме добро за денешниот натпревар во Битола, против екипата на Кожув од Гевгелија, во натпревар од македонското првенство. Се надевам дека ќе играме со повеќе енергија и борбено за да дојдеме со бодови и да ја прекинеме серијата, лоша за нас, од два порази. Кожув е добра елика која што во своите редови имаат три-четири индвидуалци, кои мораме да ги задржиме. Атмосферата во тимот е добра, малку поразот од Џокер не потресе, беше втор по ред послед Гостивар. Против Џокер игравме добро, но се покажа дека морам да ја подобриме одбраната, а тоа да се случи уште вечерва. Сакам да им порачам на битолчани да веруваат во нас, а вечер ние заедно со нив да ја забележиме посакувата победа.

Димитар Пандев: вечер со подобра одбрана и поддршка од трибини до нова победа против Кожув
More from ВестиMore posts in Вести »
- Лажен лекар измамил 76-годишна битолчанка за сума од 7.000 евра
- Билтен на МВР: млад битолчанец возел со 1.63 промили алкохол во крвта, со “ауди“ излетал од пат, двегодишно дете искасано од кучиња скитници
- Онколозите од Скопје продолжуваат со редовни прегледи во Битола
- СВР Битола: одземени две возила од возачи кои возеле без возачка дозвола
- Лука Стојановски: победа над Феникс е единствениот прифатлив резултат за нас
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лука Стојановски: победа над Феникс е единствениот прифатлив резултат за нас
- Вилсон: Пелистер оди по нова победа
- Фудбалерките на Македонија цел циклус квалификации за Светско ќе играат во Битола
- Стајиќ: Победуваме, но знаеме дека можеме подобро… Да го покажеме тоа со Маџари
- Дејвис: Почит за Маџари, но знаеме што треба за да стигнеме до победа









