Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи Кожув, гевгеличани пробаа ама не успеаја во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Кожув 92:87

Кошаркарите на Пелистер  се вратија на победнички патеки во Првата македонска лига откако вечерва по голема борба триумфираше над Кожув со 92:87, во возбудлив натпревар за публиката во Битола во рамките на 5. коло.Кошаркарите на тренерот Петровиќ, како и ветија пред натпреварот, заиграа најдобро кога беше најважно, во последните две минути предводени од Лука Стојановски стигнаа до посакуваниот триумф. “Пелистерци“ постепено ја градеа својата предност на почетокот на натпреварот. Играа  добро во првата четвртина, без вистинско форсирање, како одминуваа минутите, за по 10 минути да имаат предност од +3 (20:17).И во втората чевртина продлжија со истата игра, а таков беше и резулатот, повторно, во вторите 10 минути игра, +3 поени плус, 23:20, а на одмор се отиде со +6 за Пелисте 40:37. Гостите парираа до крајот на втората четвртина, кога Пелистер повторно влезе во мини-серија, Бобан Стајиќ погоди две тројки во серија, потоа од линијата за слободни фрлања прецизен беше Лука Стојановски. Во продолжението, Пелистер се стекна и со двоцифрена предност +10, во средината на третата четвртина (60:50), а за брзо битолчани имаа и уште поголеми +13 (68:55), откако Ташовски погоди за три поени (29.минута), а во последната четвртина се влезе во резултат 70:59, откако третата четвртина заврши со 27:22 за Пелистер.Во последната четвртина, односно на почетокот, Пелистер не успеа да го одведе мечот во мирен финиш. Позитивата се топеше, па со тројката на Стевановиќ гостинскиот тим дури и поведе со 77:79, на помалку од три минути до крајот. Петровиќ побара тајмаут, а работите во свои раце ги зеде Лука Стојановски, кој погоди две тројки во серија, потоа беше и два пати прецизен од линијата за слободни фрлања, носејќи го тиот до победата изразена со конечни 92:87.

Антоан беше најефикасен кај Пелистер со 21 поен, одличен беше и Бобан Стајиќ со 17 поени и осум асистенции (4/5 шут за тројка). Едвардс имаше 13 поени и 10 скокови, 13 поени реализираше и Мишковиќ, а херојот Стојановски го заврши натпреварот со 12 поени.