Press "Enter" to skip to content

Сојузот на спортови и Општина Битола утре ќе ја организираат 66. ноќна атлетка трка по Широк Сокак

Во рамките на активности за одбележување на 4. Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, Сојузот на спортови на Битола и Општина Битола организираат 66. по ред Ноќна атлетска трка.

Ова Ноќна атлетска трка се одржува по 66. пат и е најстариот спортски настан кој се одржува во Битола.

Како и сите изминати години се очекува на стартот да се појават околу 800 учесници од сите возрасти, основци, средношколци, студенти, вработени, ветерани…

Ноќната трка ќе се одржи, утре, петок, на 3 ноември, со почеток во 17 часот.

More from СпортMore posts in Спорт »