Press "Enter" to skip to content

6.000 гледачи на дербито во Битола, под Тумбекафе, за победа на Пелистер и нова историја “под рефлектори“ (фотогалерија)

Вечерашниот дерби натпревар во Битола помеѓу екипите на Пелистер и Вардар е единствено дерби фудбалско дерби, а сите други дерби натпревари се во втор плас, е став кој денес уште еднаш се докажа, и тоа не може да го спори никој. Атмосфера за која ќе се раскажува, 6.000 навивачи, полна нова трибина, деца од школите на старата трибина, кои со голема радост го поздравија голот на Ивановски и победата, две навивачки групи по полн состав, пиротехника, навивање, и секако испишување на историја за Битола, прв официјален натпревар одигран во вечерен термин, под рефлектори.Се беше одлично организирано, распродадени влезници, но немаше да комплетно ако ја немаше победата, која дојде на крај, за радост на сите, но и одмазда на Пелистер за поразот од Вардар, исто така во продолжението.Како беше на трибините, кој се беше и како помина овој натпревар од счедната фотогалерија и фотографиите на Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска.