Еурофарм Пелистер – Висла 31:28 (12:10)
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во Битола пред домашната публика, во рамките на 10. коло од Лигата на Шампиони ја победи Висла 21:18, освои два важни бода, со кои осминафиналето полека станува реалност, но не е се готово, бидејќи до крајот има уште четири натпревари.
Натпреварот го отврија “пелистерци“ со два гола на Тајник за 3:1, а потоа гостите израмнија на 3:3. Се повторија +2, а потоа пак реми 5:5. Следуваше рамноправни минути и 7:7. Пелистер имаше 10:9, напад за +2. Со 11:10 започна последната минута, а за крај на полувремето капитенот Филип Кузмановски со прекрасен гол донесе 12:10.
Второто полувреме започна одлично за Пелистер, а со серија од три гола дојдоа до 15:10, и минута одмор за гостите. Висла дојде до -4 (15:11) во 38. минута, по што немаше голови на двете страни повече од 10 минути. Бележиме во тој период одлични одбрани на Николче Митревски за разочарување кај гостите, а одлична атмосфера на клупата на Пелистер и уште подобра атмосфера на трибините.
Во 44. минита следуваа нови голови, на капитемот, голови од пенал на Радовојевиќ, а во последните минути се влезе со резултат 20:16 за Пелистер. Висла се обиде да се спаси од пораз, намали на 20:18 во 58 минута, а кружниот напаѓач Жарко Пешевски со гол донесе 21:18, тоа значеше крај за сите надежи на гостите.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со седум гола, а Домен Тајник со четири реализации. Одличен меѓу стативите беше Никола Митревски со 11 одбрани.











