Вчера во Народниот театар ОУ “Св. Климент Охридски” Битола со пригодна манифестација под мотото “Градиме мостови за посветла иднина” свечено го одбележа Денот на училиштето посветен на својот патрон.
Училиштето имаше и свој јубилеј, 35 години од своето постоење.
Во исполнетата сала пред родителите, претставниците од Општина Битола, заменикот градоначалник, директорите на другите училишта и институции настапиjа училишниот оркестар, хор, драмската и рецитаторската секција.
Беа доделени награди на најдобрите ученици на литературниот и ликовниот конкурс.
Пред присутните се обрати и Предраг Созовски, директорот на ова училиште кој рече:
-Да се биде дел од ОУ “Св. Климент Охридски“ е голема чест, голема чест но и голема одговорност. Од далечната 1989 година, 35 години училиштето е синоним за квалитетен наставен процес, примена на модерни наставни методи, добра соработка – наставник, служба, ученик, родител. Училиште кое градело и понатаму гради мостови за
посветла иднина, иднината на новите генерации, нашиот град и Македонија.

ОУ “Св. Климент Охридски” Битола го одбележа патронот и 35 години од своето постоење (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Од полноќ цената на дизелот се намалува за осум, а на бензините за четири денари
- Кога чаршијата пее, Битола добива фестивал на чалгијата
- СВР Битола: приведувања за напад на татко, за напад на сопруг, пријави за напад од две лица со дрвен предмет
- Свеченото претставување на поетскиот и духовен еп „Крстот на Охрид и Светлината на Вечноста“ од проф. д-р Зоран Пејковски од Битола во Охрид
- По Загреб и Битола утре триото “Интерарт“ со концерт во Рим





