Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Бранислав Божиќ – Бранче, поранешен фудбалер и тренер на Пелистер

Вчера на 7 декември 2024 година, во Канада почина поранешниот играч, а потоа и тренер на ФК Пелистер од Битола – Бранислав Божиќ – Бранче, соопшти неговото семејство.

Бранислав Божиќ – Бранче ќе го паметат битолчани и навивачите на фудбалскиот клуб Пелистер како тренер со кого Пелистер испиша историја. Божиќ беше тренер кога Пелистер го предводеше во Европскиот Интертото куп и ги имаше легендарните дуели со екипите на Хобшајд, Фролунда и Селта, за кои во Битола се бараше карта повеќе, а во тимот беа Цветковски, Момировски, Рутевски, Димов…

Бранислав Божиќ – Бранче беше дел од генерација на битолски фудбалери, кои што научија многу од него, и кои што потоа направија големи кариери, дел од нив стигнаа и до репрезентацијата на Македонија.

Бранислав Божиќ – Бранче битолчани ќе го паметат и како еден од сопствениците на некогаш култното кафуле “Паладиум“ во Битола кое години беше соборалиште на младите, а најредовни гости беа спортостите.

Божиќ по завршувањето на тренерската кариера замина во Канада каде што ги мина последните години од животот.

More from ВестиMore posts in Вести »