Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Благоја Багевски – Баге, музички уредник во Радио Битола

Во Битола почина Благоја Багевски – Баге, музички уредник во Радио Битола, каде го помина целиот работен век, музички уредник во неколку радио емисии на ова битолско радио, како и радио водител.

Битолчани покрај работниот ангажман во Радио Битола, Благоја Багевски – Баге ќе го паметат и како музичар – хармоникаш во групата “Битолски конзули“, а музичкиот ангажман го започна со Боцкино.

Благоја Багевски – Баге ќе биде запаметен и како спортист. Возрасните битолчани го паметат како ракометар на славната генерација на РК Пелагонија, кои во 1971 година се пласираа во првата ракометна лига на Југославија.

Дел од својот живот Благоја Багевски – Баге го помина во Австралија, а последните години од својот живот ги помина во Битола.