Press "Enter" to skip to content

Агенцијата за храна и ветеринарство: ресторан во Битола служел расипана храна, газдата не ги праќал вработените на задолжителни прегледи

Инспектори за Агенцијата за храна и ветеринарство на вонреден инспекциски надзор, во Битола пронашле и уништиле 241 килограм небезбедна храна.

-При спроведена вонредна инспекциска контрола во угостителски објект во Битола, затекната е небезбедна храна во количина од 241 килограм, која по издадено решение од инспектор нештетно е уништена. За пуштање во промет на небезбедна храна на операторот изречена му е казна во висина од 600 евра во денарска противвредност, а со 300 евра во денарска противвредност, казнето е и одговорното лице во правниот субјект. Дополнително, на овој оператор со храна изречена му е и казна од 300 евра и 150 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице за неизвршени задолжителни здравствени прегледи за вработените, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство.

 

More from ВестиMore posts in Вести »