Press "Enter" to skip to content

“Менаџерски муабети во здравството“ во Бизнис академија Смилевски во Битола (фото)

На Бизнис Академијата Смилевски во Битола се одржа панел дискусија насловена “Менаџерски муабети во здравството“ со тематски фокус “Предизвиците на здравствениот менаџмент“, а се дискутираше за предизвиците на здравствениот менаџмент.Панел дискусијата “Менаџерски муабети во здравството“ имаше за цел да ги обедини сегашните и претходните здравствени менаџери од јавното здравство и здравствените менаџери на приватните здравствени установи од Битола, запознавање, вмрежување, соработка и дружење.Настанот во името на домаќините БАС, го поздравија директорот проф. д-р Гордана Тасевска и основачот на БАС проф. д-р Цветко Смилевски, а во делот на стручниот аспект на темата заменик директорот проф. д-р Лидија Стефановска.Професорот Смилевски, кој за проблемите во јавното здравство, менаџирањето, дефицитарниот кадар или релациите медицински лица, пациенти рече:-Пред точно 30 години “Детра центарот“ како мајка на “БАС“ организираше прв пат во Македонија серија на предавања под мотото “Здраво здравство со здравствен менаџмент“ и уште тогаш ги афирмиравме прашањата кои што се однесуваат на вистинско менаџирање со резултатите. За жал од тогаш до сега во јавното здравство не се поставени цели за остварување, туку се поставуваат само директори кои што имаат овластувања, а никој досега не одговарал за неостварување на цели. Оттука она што е значајно е без страм да почне да се употребува терминот менаџмент, што значи справување со проблеми во организациите за доброто на клинетите. Овде е уште позначајно што клиенти се пациентите, потенцијалните тешкотии се јавуваат токму од неразбирањето на функцијата на партнерство во здравството, пациентите клиентите и докторите треба да имаат услови да можат својот проблем да го решат, а тоа е она кое што недостасува, бидејќи досега имавме два неуспешни обиди во јавното здравство, економски, а потоа организациски директори.Д-р Ѓорги Јанев, PhD во областа на Здравствената економија и Социјална медицина од “Ели Медика“ од Струмица рече дека-“Ели Медика“ и БАС се установи кои што подолго време соработуваат во областа на менаџментот, направивме нешто каде битолските менаџери, искусни луѓе во своите области дадоа свој придонес за развој на здравствениот менаџмент во Македонија. Недостатокот на кадар е еден од големите проблеми, имаме одлив и на пациенти затоа што нашето население почнува многу да се сели за странство. Значи проблемот е комплексен и треба комплексно да се постапи за да може сите недостатоци да се решат.На панел дискусијата  за дравствениот менаџмент се соочува со предизвици кои бараат  иновации, стратегиски пристапи и високи вештини за управување, зборуваа уште и Менде Силјановски – Фонд за здравство на РСМ п.е Битола, д-р. Игор Неделковски, од здружението  на лекари Битола , д-р. Александар Димовски од лекарска комора од Битола, м-р фармацевт Сузана Димова од фармацевтска комора од Битола, д-р. Драган Талевски од здружение на матични лекари Битола и ретставници од  Санитарен и здравствен инспекторат. Презентирајќи ги мотивите за своите почетоци, но и несебично споделувајќи го своето искуство во справувањето со бројните проблеми, говорниците создадоа атмосфера на взаемно учење, но и искрени препораки за подобрување на состојбите во здравствениот сектор. Предизвици се недостиг на кадар, финансиски ресурси, технолошки напредок, квалитет и безбедност на услугите, здравствена едукација и превенција, интеграција на нови системи за здравствена заштита, дополнително здравствено осигурување, задоволство на пациентите, регулаторни и законски барања, беше речено на дискусијата.

More from ВестиMore posts in Вести »