Земјоделското училиштето СОЗУ “Кузман Шапкарев “ од Битола заедно со Sustain VET Path “Различни патеки во одржливо земјоделство: зајакнување на учениците за стручно образование и обука“ создава еднакви можности за сите ученици.
Професорките Живка Иванова и Лидија Трајкова, учествуваа на пет дневна обука организирана од Sustain VET Path. На обуката, покрај претставници од 10 земјоделски училишта од Македонија, учествуваа и претставници од 20 земјоделски училишта од Република Србија.
Во фокусот на обуката беше инклузијата на ученици со попречености и посебни образовни потреби, се зборуваше како се гради инклузивната култура, кои се инклузивните методи во наставата и индекс на инклузија. Наставниците, родителите и локалната заедница се главните чинители во создавањето на инклузивна култура, односно култура на почитување на разликите и создавање на училишта со еднакви можности за сите.
Со таа цел, СОЗУ “Кузман Шапкарев“ ги продолжува активностите и после обуката со субјекти од локалната заедница инволвирани во областа на едукацијата и инклузијата. Потпишани се низа меморандуми за соработка со Општинскиот Советот за Превенција од Детско Престапништво, ОУ „Даме Груев“, ОУ „ Климент Охридски“, ОУ „ Трифун Пановски“, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух Кочо Рацин, НВО Сумнал, Центар за човекови права АМОС, НВО Емануил Плус, Синпекс и Хемометал.

Земјоделското училиштето “Кузман Шапкарев“ од Битола создава еднакви можности за сите ученици
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со реми се враќа од Гостивар, постигна три гола против Арсими
- Томас Спасе Трпчевски, 17 годишен фудбалер во Мелбурн, Австралија: од Мелбурн преку Битола и Белград до европски клуб (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 11 степени
- Денес е Свети Климент, патрон на македонската православна црква
- Фото вест: пред десет дена поставен, викендов скршен кошот кај “Областа“, нема крај на вандализмот во Битола





