Вардар – Пелистер 59:90
Кошаркарите на Пелистер од Битолабез многу мака стигнаа до седмата овосезонска победа до која дојдоа рутински славеа на гостувањето во Скопје, против Вардар со убедливи 59:90. Одлучувачки беше крајот на првото полувреме кога резултатски се одлепија, а потоа во вториот дел да стигнат до убедливи плус +31, добра увертира за дуелот со лидерот ТФТ следниот викенд.
Натпреварот започна со 0:5 за Пелистер, а до крајот на четвртината се играше израмнета кошарка на двете страни, за битолчани да го добијат овој дел од мечот со 19:21. Вардар беше рамноправен и во дел од втората четвртина, но квалитетот на Пелистер дојде до израз за да се одлепи пред крајот на полувремето, а на одмор да замине со 30:39.
Во третата четвртина, во 21, Пелистер дојде до двоцифрена предност, 30:41, по што следуваше апсолутна доминација и дојде до +22 (39:61). А, третата четвртина заврши со убедливи 44:69 за Пелистер, тренерот Петровиќ во последниот период им даде шанса на играчите кои немаат преголема минутажа сезонава, но тие добро ја искористија довербата, зголемувајќи ја предноста до конечните 59-90.
Виктор Ташовски одигра одличен меч и со 19 поени и 10 асистенции го предводеше Пелистер во овој триумф, Бојиќ имаше дабл-дабл од 16 поени и 11 скокови.