Кошаркарите на Пелистер од Битола денеска со почеток во 14 часот во салата на СРЦ “Кале“ му гостуваат на Вардар вo рамките од 10. Коло во прволигашката конкуренција, а во натпреварот влегуваат како фаворити.
Виктор Ташовски, плејмејкерот на Пелистер во најавата на овој натпревар рече:
-После серијата порази во ноември, во минатото коло конечно стигнавме до победа над Чаир со што ни се врати самодовербата. Денеска се среќаваме со Вардар, екипа со многу млади играчи која игра многу брзо во нападот и никако не смее да биде потценета. Очигледно е дека сме фаворити, ова е уште еден меч на кој можеме да си ја вратиме формата и да добиеме уште поголема самодоверба пред натпреварите што ќе следат. Фаворитската улога ќе мора да се оправда на терен бидејќи Вардар ќе игра без притисок и ќе настојува да го казни секое наше опуштање.
Пелистер по 9. кола е на делба од третото до петтото место со скор 6-3, додека Вардар моментно е последнопласиран со 0-9 од стартот на оваа сезона.