Подготовките на ракометарите на Еурофарм Пелистер за вечното дерби на македонскиот ракомет кое се одигра во Битола им донесоа победа, иако малку публиката стравуваше, а подготовките на навивачите донесоа полна сала и атмосфера која “ја личи“ Битола.
А се започна со песна, Димитар Андоновски, ја испеа “Ако одам во Битола“, со него пееше хор од 4.000 навивачи на Еурофарм Пелистер.
Додека се пееше неформалната химна илјада зелено-бели шалови ја декорираа спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, онака како доликува за празници кои се ближат.
Ракометарите одигра одлично прво полувреме, направија голема разлика, а тоа беше наградено од навивачите, но поддршката не се намали и кога не им “одеше“ како треба, кога Вардар се приближи.
На крај се беше заборавено и повторно со песна се заврши натпреварот, а публиката уште половина час минути заедно со ракометарите ја славеа победата над вечниот ривал.
На натпреварот беа присутни и поголема група на “Комити“ но се помина најдобар ред, и под контрола на органите кои се задолжени за тоа.
Низ поголем број на фотографии ви ја пренесуваме атмосферата во Битола на чесното дерби, а секој на свој начин го следеше натпреварот и навиваше.
Следува зимска пауза, но најверните навивачи на ракометот веќе ги прават плановите за идниот месец, кога Македонија настапува на Светското првенство, а првите натпребвари ќе се играат во Вараждин, Хрватска, а традицијата ќе продолжи и таму ќе има најмногу битолчани.
Фото: Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска











