По повод Денот на заштитникот на Битола “Свети Нектариј Битолски“, градоначалникот Тони Коњановски, денес ги додели наградите на учениците кои аплицираа на јавниот повик на општината за наградување на талентирани и наградени ученици.
Критериумите во Јавниот повик, беа дефинирани од страна на просветни работници, претставници на училиштата, во соработка со претставници од општинската администрација и јасно ги дефинираа условите кои треба да ги исполнуваат учениците за да бидат наградени од општината.
Градоначалникот Коњановски на доделување на наградите, најави проширување на повикот и негово специфицирање по области, согласно искуството во изминатите 3 години.
-Ми претставува посебна радост, што на овој ден, имам чест да ги наградам најдобрите од најдобрите ученици, млади луѓе кои се иднината на нашата општина и нашата држава. Пред 3 години, кога дадов предлог одбележувањето на овој ден да биде посветено на мотивација на најмладите, точно мојата визија беше насочена кон спроведување мерки кои ќе ги поттикнат учениците да учат, да се надградуваат, да се натпреваруваат, затоа што Битола е град од кој потекнуваат многу квалитетни музичари, спортисти, лекари, инжинери, архитекти… Досега спроведивме три јавни повици, на кои добивме навистина квалитетни апликации од кои без исклучок, сите го потврдуваат квалитетот и потенцијалот на нашите најмлади сограѓани. ќе биде преку посебни јавни повици за три области: уметност, наука и спорт.
Настанот беше збогатен со програма во изведба на учениците од Државното музичко училиште, општинското основно училиште „Свети Климент Охридски“ и учениците од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.

Доделини наградите на најдобрите ученици во Битола, в година награди во три области – уметност, наука и спорт
More from ВестиMore posts in Вести »
- Донесен Законот за основање Факултет за медицински науки и здравство во состав на УКЛО
- СВР Битола: малолетничко насилство, семејно насилство, физички напад, приведување за марихуана
- Денес 13. седница на Советот на Општина Битола
- Европска диплома како мост меѓу Западен Балкан и Европскиот простор за високо образование – тркалезна маса во организација на УКЛО (фото)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 25 степени





