Press "Enter" to skip to content

Пелистер со пораз во Битола ја заврши сезоната во АБА2 лигата (фотогалерија)

Пелистер – Подгорица 74:93

Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола загубија со убедливи 74:93 на домашен терен од Подгорица во последното коло од АБА2 лигата, петти пораз за битолчани во шестата рунда од регионалното натпреварување. Мечот беше без преголемор резултатско значење, „зелено-белите“ три четвртини целосно парираа, но големиот пад во последните 10 минути придонесе на крајот да биде претрпен убедлив пораз.

Гостите од Црна Гора подобро го отворија мечот, поведувајќи со 0-7 пред Бојиќ да ги постигне првите поени за Пелистер на истекот од третата минута. Петровиќ го зеде првиот тајмаут при негатива од 2-11, Бојиќ постигна уште шест поени, но слабата игра во одбраната придонесе Подгорица да стигне и до двоцифрена предност од 9-21. Костоски влезе во ритам со пет поени до крајот на првата четвртина, која заврши со водство на Подгорица од 18-25.

Црногорците имаа 18-29 на стартот од вториот период, но Антоан ја презеде контролата во нападот на Пелистер и „зелено-белите“ се вратија во мечот, намалувајќи на 27-29. Кон средината на втората четвртина значаен придонес даде и Виктор Ташовски, па токму со неговите пет поени во низа Пелистер стигна до првото водство на натпреварот (38-37, 17. Минута). Црногорскиот тренер побара тајмаут и Подгорица експресно поведе со 39-45, но Мишковиќ и Антоан постигнаа важни тројки за Пелистер, не дозволувајќи противникот повторно да се одлепи и на одмор се замина со 45-49, пред се благодарение на неверојатниот Скот, кој постигна 25 поени за Подгорица во првото полувреме.Третата четвртина мина во израмнета игра на двете страни, Пелистер експресно се врати, преку Антоан пoведе со 55-53, но по новата мини-серија на гостите и нивно водство од 57-63, тренерот Петровиќ беше принуден да побара нов тајмаут. Подгорица имаше и 57-66, но битолчани успеаја барем малку да ја намалат негативата и во последната четвртина се влезе со предност на гостите од 60-67.

Црногорците подобро го отворија и последниот период од мечот, стигнувајќи до ново двоцифрено водство (60-71). „Зелено-белите“ немаа сили уште еднаш да се вратат резултатски, загубија здив во финишот и претрпе пораз од убедливи 74-93.Андрија Бојиќ со 16 поени беше прв стрелец на Пелистер на овој натпревар, пред Антоан со 14, Мишковиќ со 13 и Ташовски со 11 поени. Главен играч на мечот беше Американецот Скот, кој постигна неверојатни 53 поени за Подгорица на овој натпревар.Пелистер за помалку од 48 часа го очекува многу позначаен и посериозен предизвик, дуел со лидерот на прволигашката табела ТФТ што ќе се игра в сабота со почеток во 12 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »