Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола е потврден и важен соработник на Регионалната стопанска комора (фотогалерија)

Определбата на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола да ја зацврстува позицијата на лидер во соработката со стопанските и нестопанските субјекти доживеа уште една убава потврда со учеството на раководството на УКЛО, претставници од КРЕДО Центарот и колаборативниот поростор од Алијансата КОЛОРС, на завршната седница на УО на Регионалните стопанска комора за Битола и Прилеп, што се одржа во Битола.Претседателот на регионалната стопанска комора Битола, м-р Мирко Велковски, како алумнист на УКЛО на завршниот годишен настан ги здружи градоначалниците и стопанствениците во пелагониско преспанскииот регион чија взаемна соработка со УКЛО е во интерес на локалната заедница, бизнисите и општиот развој.Пред присутните се обрати и ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски, кој го изрази своето задоволство од реализацијата на ваквиот вид на соработка, при што ја истакна заложбата на УКЛО да едуцира квалитетни кадри компатибилни со потребите на пазарот на труд.Нагласувајќи ја посветеноста на УКЛО на овој план, тој информира за дополнувањата и измени на дел на актите на УКЛО, посебно, Правилникот за изведување на практичната работа на студентите.На настанот е оценето дека успешната соработка помеѓу УКЛО и Стопанската комора на Македонија продолжува во нагорна линија и тоа е силен фундамент за ефективна поврзаност и во иднина.За заслугата што на овој план ја има претседателот на Регионалната стопанска комора Битола, м-р Мирко Велковски, од име на УКЛО му е доделена Плакета со благодараност за неговиот ангажман во развивање соработка, за успешен општествено-економски развој на регионално и национално ниво.Во изминатиот период, УКЛО на различни начини ја потврдуваше својата поврзаност со бизнисот, со градење силна корелација, бидејќи и високото образование и реалниот сектор третираат слични проблеми и теми, чиј врвен приоритет е економскиот подем на државата поддржан од науката.

More from ВестиMore posts in Вести »