Press "Enter" to skip to content

Алумнистите на УКЛО Битола – мост со бизнис сектор (фото)

Конкретна соработка, општествена делотворност и јакнење на угледот на УКЛО Битола тоа се дел од ефектите кои ги овозможуваат алумните кaко мост со бизнис заедницата и поширокиот контекст.Апсолвираната вистина дека силата на високообразовните институции лежи во вмрежувањето на алумнисти чии успешни професионални кариери се во корелација со деловниот свет, се потврди на најновата средба.Според ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, алумните се ударната тупаница на универзитетите, тие се лицето на универзитетот во пракса. Врската со нивниот развој најдобро може да се ефектуира преку факултетите. Тие се јадро на алумните и првично професионално идентификување. Тој смета дека интеракцијата на алумнистите и професорите пожелно е да ги опфаќа и актуелните студенти, за да се постигнат посакуваните ефекти.Настанот беше можност за приказ на генезата на УКЛО алумни клубот, вградувањето нов модул во I Know системот за квантитативно и квалитативно збогатување на алумни базата, кон што се наврати д-р Гоце Маркоски од Кредо Центарот на УКЛО.За дополнителните алки од взаемното вмрежување и можностите за конкретни активности на алумните, чии референци го јакнат реномето на УКЛО, се осврна проф. д-р Мимоза Јовановска Богдановска, раководителка на колаборативниот простор, CoSpace – место за размена на идеи, соработка и поврзување меѓу академијата и соработниците од бизнисот, граѓанскиот, владиниот и образовниот сектор.За концептот поддржан од менаџментот на УКЛО насочен кон интензивирање на досегашните активности, таа истакна дека УКЛО алумните освен како поврзувачки мост со деловниот свет, преку колаборативниот простор се вклучуваат во исполнување и на визијата на УКЛО – Универзитетот да биде препознатлив и преку своите алумни.За европската универзитетска Алијанса КОЛОРС чиј составен дел е УКЛО, од перспектива на градење европски универзитет на иднината, говореше проф. д-р Рената Петровска Нечкоска, академска раководителка на КОЛОРС.Посочувајќи го почетното, инфраструктурно профилирање на Алијансата, таа ја потенцира отвореноста на КОЛОРС, со бројни прилики за широко инкорпорирање на алумните. Секој, а особено секој алумнист според својата вокација, стручност и лични перформанси може да се приклучи во Универзитетот и во заедницата, со конкретна пракса или менторство, за да се унапредуваат компетенциите на помладите колеги, да се гради нов поширок општествен пристап што е суштина на универзумот на Алијансата КОЛОРС.На настанот присуствуваа бројни академски кадри, сегашни и поранешни студенти чии алумни искуства се очекува да се вградуваат во активностите на УКЛО Кредо Центарoт и UKLO COLOURS CoSpace, организатори на настанот.