Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријави за напад врз малолетник, за напад во гинекологија, претрес за пиротехника, каснување од куче скитник

На 23.12.2024 во 14.00 часот во СВР Битола, П.М.(57) од Битола пријавил дека во двор на основно училиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.  

На 23.12.2024 во 14.10 чaсот во СВР Битола, М.О. (50) од Битола пријавила дека  на работното место во Одделение за гинекологија во Клиничка болница Битола била физички нападната од посетител на возраст 39 години од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.  

Денеска (24.12.2024), полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршиле претрес во домот и простории во Битола, кои ги користи М.Г. (31) од Битола. При претресот биле пронајдени 200 парчиња пиротехника. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.12.2024 во 00.10 часот во СВР Битола, Т.С. (38) од Битола пријавил дека на ул. „Широк Сокак” во Битола, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »