Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: претреси за марихуана и муниција, во депонија пронајдена стара граната, во двор на училиште марихуана

На 24.12.2024 во 19.50 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Козјак” во Битола го лишиле од слобода 27 годишник од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

На 24.12.2024 во 13.15 часот полициски службеници од СВР Битола врз основа на судска наредба, извршиле претрес во село Облаково,битолско, во дом и помошни простории на 53 годишник , при што пронајдени и одземени биле 40 парчиња муниција и девет ловни патрони. Лицето било приведен во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
 
На 24.12.2024 во 12.28 часот во ПО Новаци Н.М. пријавил дека при извршување на градежни  работи во депонија на ЈКП Комуналец во село Мегленци пронашoл минофрлачка граната од Првата светска војна  со калибар 75 мм. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.

На 24.12.2024 во 21.40 часот од страна на  полициски службеници од СВР Битола во двор на основно училиште во Битола била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »