Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер ги израдува дечињата од Домот за доенчиња и мали деца во Битола (фото)

Дел од фудбалерите на Пелистер од Битола предводени од капитенот Мирко Ивановски, и Управата на фудбалскиот клуб Пелистер денес беа во посета на Домот за доенчиња и мали дека, а поводот беше донација, новогодишни пачетчиња за сите дечиња, кои се сместени во мали, згрижувачки семејства во Битола.Ванчо Мицевски и Сашо Здравевски од Управата на ФК Пелистер, при средбата со в.д. директорката на Домот, Виолета Масалковска, истакна дека ова мала донација, но се надева дека ќе ги израдува малите штитеници на домот за време на новогодишните и Божикните празници, а донацијата е во има на сите фудбалери и на сите кои се дел од клубот.Директорката Масалковска се заблагодари во име на вработените и малите штитеници, и истакна дека празниците и новогодишните подароци се радост за нив и децата, и на Мицевски му додели благодарница за новогодишната донација.Масалковска додаде дека посебно и е мило што фудбалскиот клуб Пелистер не ги забораваат и дека секоја година традиционално ги посетуваат и им прередуваат радост на нивните дечиња.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »