Press "Enter" to skip to content

Ѓоко Танески вечерва кај Офицерски на 5. ден на “Зимската приказна“ во Битола (фотогалерија)

-Вечерва на платото пред Офицерски дом во Битола покрај Танески настапија и поп-рок хорот “Битвокс“ и групата “Битолски тамбураши“. 

Денешниот ден, воедно и 5. ден од “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола за дочекот на Новата 2025 година, како и претходните денови, донесе програма на повеќе локации низ Битола, а настапија повеќе изведувачи и групи.“Зимска приказна“ на  граѓаните на Битола и за гостите од околните градови им го понуди како главен настан концертот на Гоко Танески, на платото пред Офицерски дом во Битола, кој на присутните на ладното време го загреа со музичко уживање и им приреди исклучителната атмосфера.Непосредноста со публиката на Танески “проработи“ и вечерва а а на еден наш млад сограѓанин му приреди сеќавање за цел живот, поканувајќи го на свена со него да испее неколку песни, а за тоа двајцата, Ѓоко за гестот, а нашиот сограѓанин за прекрасното пеење, добија аплаузи.  Инаку, Ѓоко Таневски го качи на сцена Огнен Калајџиевски, пијанист во 7 мо одделение во Државното Музичко училиште и вокалист во Коруновски мјузик, како и хорист.Музичко уживање беше наполнето со прекрасната бајка од зимски куќарки, каде посетителите уживаа во добра храна, греено вино, ракија, избор на различни сувенири, традиционални производи, ракотворби или други производи…Преходно вечерва во рамките на “Зимската приказна“ настапија поп-рок хорот “Битвокс“ и групата “Тамбураши“ од Битола, во старата битолска чаршија се одржа настанот за инклузија во кафулето “Улав сте“, а во музичката програма настапија ученици од ОУ “Кирил и Методиј“, “Елпида Караманди“ и “Даме Груев“, групите “Хераклеја“ и “Милениум“ од Битола.Утре, продолжува зимската приказна со главниот настан, концертот на Бојана Скендеровски во 20 часот, а веднаш потоа и концертот на групата “Ареа“. За малите битолчани ќе се изведат две детски театарски претстави “Снежната кралица“.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »