Press "Enter" to skip to content

Виктор Апостоловски пред сограѓаните на 8. ден на “Зимската приказна“ во Битола, утре пред Офицерски етно-поп дуото “Next Time“ (фотогалерија)

-Вечерва во Битола на платото пред Офицерски дом, покрај Виктор Апотоловски настапи и трио “Џентлмен“, група „Гром“, а претходно се одржа и новогодишен настан со Биби и Боби насловен како “Светот на Биби“. 

Вечерва продолжи “Зимската приказна“ на која на главната сцена се појави Виктор Апостоловски кој повеќе од еден час ги забавуваше, пред се младите битолчани, кои заедно со него ги пееја неговите хитови “Супермен“, песната посветена на неговата сопруга…Вечерта пред Офицерски започна со најдобрите другарчиња на најмладите “Биби и Боби“, кои денес доајдоа во Битола и создадоа празничната убавина исполнета со настан полн со танци и игри кои ги стоплија срцата на сите – мали и големи! Следуваа настапите на трио “Џентлмен“ и групата “Гром“ од Битола.Претходно во Старата чаршија се одржа предновогодишен концерт на мандолинскиот оркестар на КУД „Стив Наумов“ – Битола, настапот на група “Битолски Чалгии“ и оркестар “Фаворити“ кои изведоа македонски народни песни.Новогодишна музичка магија“ имаше и настапот на детски дувачки оркестар и хор на Државно музичко училиште, на локацијата трговски центар “BLISS“.За утре на платото пред Офицерски има двојна програма, пладневна и вечерна, а во главниот термин е настап на етно поп дуо “Next Time“, како и ТК „Данза Есперанза“, музичка група “The Groove“ и “Sinful Glare band“.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »