Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: со Калиопи и голем огномет битолчани “влегоа“ во Новата 2015 на “Магнолија“ во Битола (фото)

-По многу студено време битолчани го голем број на плоштадот “Магнолија“ во Битола ја пречека новата 2015 година, со убави желби од тогашниот градоначалник Владимир Талески и со песна на Калиопи, запишал во своите мемоари Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. Калиопи, ги стопли срцата на премрзнатите битолчани, на последниот ден во 2014 година и на влезот во 2015 година, а тие пак заедно со неа ги пееја нејзиние хитови, кои иако премрзнаа сепак излегоа во голем број, неколку илјади битолчани.Битолчани на најлудата ноќ ги забавуваа и групите “Памперс“, “Паркети“, “Боеми“, Сефедин Бајрамов, Ламбе Алабаковски, Борче Наумовски.Точно на полноќ, на собраните битолчани среќна и успешна 2015 година им посака градоначалникот на Битола, ВладимирТалески, кој во таа 2015 гофина девет години, заедно со своите сограѓани, ја пречекува новата година на плоштадот “Магнолија“.Влегувањето во новата 2015 година беше одбележан и со голем огномет.

More from ВестиMore posts in Вести »