Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Бадниковата пештера е во Битола, започнаа подготовките за Бадниковата поворка која го најавува Христовото раѓање

Деновиве на платото кај Офицерски дом во Битола од северната страна, е поставена Бадниковата пештера, а организаторите ги започнаа подготовките за Бадниковата поворка која го најавува Христовото раѓање.

Организаторите на овогодинашната Бадниковата поворка, кои впрочем се организатори на сите досегашни Бадникови поворки ни рекоа:

-Подготовките за овогодинашната поворка се започнати, а како и сами гледате во Битола пристигна и големата Бадникова пештера, како подарок од Бигорскиот манастир. Оваа е Бадниковата пештера која за прв пат ја донесовме од Соборната црква во Скопје, секако со помош на наши сограѓани кои ни излегоа во престер на нашата молба за транспорт и таа е веќе поставена. 

Инаку, секоја година на 6 јануари се одржува Бадниковта поворка, на која учествуваа стотици деца од Битола, кои ја пееја божикната песна “Вечниот бог“ и носеа ѕвезди кои сами ги изработија, навестувајќи ја Божикната ноќ кога е роден Исус Христос, а оваа година Здружението да ја донесе за нив најголемата Бадникова пештера.

More from ВестиMore posts in Вести »