Press "Enter" to skip to content

Влатко Костов не е повеќе тренер на Пелистер, спогодбено се разделија

Фудбалскиот клуб од Битола и официјално ја потврди информацијата дека се разделува од досегашниот тренер Влатко Костов. Управата на клубот на нивната офоцијална страница објавија дека дека по взаемен договор е раскината соработката со досегашниот предводник Влатко Костов по една и пол сезона.

По долг заеднички и пријателски разговор, клупската управа на ФК Пелистер и шефот на стручниот штаб Влатко Костов постигнаа спогодбен раскин на договорот. Клубот искрено му се заблагодарува на Костов за остварените цели и постигнатите резултати во овие една и пол година. Пелистер под негово водство се врати во Првата фудбалска лига и одигра достоинствен есенски дел од сезоната во елитната категорија. Со Влатко Костов, кој и дел од играчката кариера помина во Пелистер, останува спортски пријатели и му посакуваме многу успеси на приватен и професионален план, стои во соопштението на клубот.

ФК Пелистер е во преговори за нов шеф на стручниот штаб и до почетокот на подготовките тој ќе биде претставен пред јавноста.

More from ВестиMore posts in Вести »