ЈП “Стрежево” – Битола им ги честита престојните новогодишни и божиќни празници на дечињата од Центарот за поддршка на учењето на децата со попреченост при основното училиште „Ѓорѓи Сугарев” од Битола.
-Со едукативниот материјал, дидактичките средства за дечињата сметаме дека ќе придонесеме за посреќни дечиња и во подобрувањето на условите за образование за нашите ученици, порачаа од ова јавно претпријатие.






