Туристичката агенција “ЈК Травел“ од Битола денес на родичките кои се породија во текот на новогодишната ноќ им додели вредносни ваучери.
Елизабета Кочева – Јосифовска од “ЈК Травел“ која им ги додели ваучерите денес изјави:
-Како одговорно општествена компанија се одлучивме на семејството на првото родено бебе во новогодишната ноќ, во Клиничката болница во Битола, да им подариме вредносен ваучер за летување во Грција, а на двете останати семејства вредносни ваучери.
Да потсетиме дека туристичката агенција “ЈК Травел“ од Битола ја вреднува работата и ангажманот на лекарите, како што беше доделувањето на летувања на лекари кои нештедејќи се вложија во борбата со короната.

“ЈК Травел“ на родилките од Клиничка болница им додели вредносни ваучери (фото)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »





