Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: новачанец нападнат на “Солунска“, апсење за марихуана

На 01.01.2025 во 07.45 часот во СВР Битола Б.П. (19) од Општина Новаци, пријавил дека на ул.„Солунска” во Битола, додека бил заедно со неговите другари бил физички нападнат од лице, кој притоа им упатувал и закани со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 01.01.2025 полициски службеници од СВР Битола на  ул. „Довлеџик”во Битола лишиле  од слобода 31 годушник од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »